Два пенали, четири погодоци и мајсторија на Бенаси – Донарума одбрани пенал, Милан се врати од 2:0 и освои бод против Торино(ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Торино и Милан ремизираа во натпревар од 20-то коло од Серија А, 2:2.

После дваесетина минути игра на теренот, Белоти погоди за водство на Торино. Пет минути подоцна Бенаси постигна фантастичен погодок со пета за 2:0.

Во 31-ва минута беше досуден пенал за Торино, но Џанлуиџи Донарума го одбрани ударот на Адем Љајиќ од белата точка. Сусо до крајот на натпреварот имаше шанси да го намали водството на домашните, но Харт бранеше одлично. На полувреме се замина со 2:0.

 

Бертолачи во 55-та минута ја затресе мрежата на Харт и го намали водството на Торино. Четири минути подоцна беше досуден пенал за Милан. Карлос Бака го израмни резултатот, 2:2. Ромањоли пред крајот на натпреварот доби втор жолт картон и Милан остана со 10 фудбалери на теренот.

Двата тима на крајот ги поделија бодовите, 2:2. Во следното коло Торино му гостува на Болоња, а Милан на Сан Сиро ќе го пречека Наполи.