Барселона ќе го освои купот – Причината се 646-те милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во финалето на купот во Шпанија ќе играат актуелниот освојувач и екипа која минатата сезона избори пласман во елитниот ранг.

Барселона и Алавес ќе играат на 27-ми мај во финалето на купот.

Тимот на Алавес ги надмина сите очекувања, добро се пласирани и во ПЛ, а никој не можеше да замисли дека ќе играат финале во купот.

Сепак, по ремито на гостувањет во Виго, победија дома со 1:0 и обезбедија историски пласман додека Барселона преку Атлетико Мадрид го избори своето 40-то финале.

Јасни се разликите помеѓу актуелниот шампион и тимот кој оваа сезона игра во највисок ранг.

Буџетот на Алавес е 49.3 милиони евра, а тоа е одлично со оглед на тоа дека минатата година игра во Сегунда, но нивниот противник Барселона има буџет од 695 милиони евра, па разликата тука е очигледна, иако не мора ништо да значи.