Сусо е јунакот – Милан избегна пораз на Олимпико од Лацио (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Лацио и Милан ремизираа на Олимпико во натпревар од 24-то коло во Серија А, 1:1.

Биља имаше шанса за погодок на почетокот на натпреварот, но неговиот шут го одбрани Донарума. Во судиското продолжение од првото полувреме домашните заработија пенал. Биља ја намести топката на белата точка, шутираше и ја затресе мрежата на Донарума за водство на Лацио.

Во второто полувреме беше постигнат уште еден погодок. Сусо пет минути пред крајот на натпреварот го израмни резултатот и ги постави конечните 1:1.

После денешното реми Милан има четири бода помалку од Интер и Аталанта кој се на четвртата односно петата позиција, а тоа се места кои водат во Европа. Римјаните имат само бод помалку од Интер и Аталанта.