„Руни ќе го напушти Јунајтед“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Пол Сколс смета дека Вејн Руни најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето.

Руни е далеку од „главна улога“ кај Жозе Мурињо и стартуваше само осум мечеви во Премиер лигата во оваа сезона што, нормално, му е загрозен и репрезентативниот статус.

„Ако продолжи вака како што е сега, не гледам дека ќе остане уште две години. Можеби ако седнат и да разговараат на крајот на сезоната, но не гледам како ќе се договорат. Тој е тип на играч што го  убива кога ќе влезе од клупа во неважни мечеви. Тој сака да игра во секој меч“, рече Сколс.

Сколс додаде и тоа дека Јунајтед веројатно ќе тргне со сите сили да ја освои Лига Европа бидејќи тоа е по него можеби и најлесен начин до ЛШ во следната сезона отколку во Премиер лигата.