Потврда од Рома – Флоренци надвор од теренот до осум месеци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Рома ќе мора на операција, а потоа и на долга, долга пауза…

Како што пишувавме вчера, потврдено е дека Алесандро Флоренци повторно ги повреди круцијалните лигаменти на коленото, што значи дека за него сезоната е готова.

Сега се огласи и Рома на својот официјален сајт, потврени се пишувањата на медиумите, Флоренци ќе отсуствува до 8 месеци.

„Ова утро Алесандро Флоренци е подлегнат на нови тестови, после што се потврдени сомнежите дека ги повреди круцијалните лигаменти на коленото“, пишува на сајтот на Рома.

Значи, голема штета за Рома, ќе видиме дали некој ќе може да го надокнади негобото отсуство од тимот…