„Лудиот“ Бартон повторно прави проблеми на теренот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џои Мартон е познат како играч кој не се плаши да направи голем проблем во текот на натпреварот.

Во кариерата овој контроверзен фудбалер имаше многу испади, како на теренот, така и надвор од него, а со ужасното однесување продолжи и во дресот на Барнли.

Овој тим денеска испадна од нисколигашот Линколн, кој со победа од 1:0 отиде во четвртфиналето на ФА Куп, а Бартон работеше се и сешто на теренот, но фудбалот не е игра.

Прво проба намерно да го нагази напаѓачот на Линколн Мат Реад, а кога тоа не му појде за рака, намерно го се удри од противникот и изглуми удар со лакт.

Тоа не е се. Овој 34-годишен играч за врска пред крајот на самиот меч влезе во нова пресметка со противничките фудбалери, после што заработи и жолт картон.

Човекот едноставно не може да се смири, а повторно ги покажа своите лоши намери што во текот на кариерата многу го чинеа.


Barton by situacijeliga