На другарите му прераскажував какво е чувството да постигнеш погодок против Буфон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Милан, Мануел Локатели откри за италијанските медиуми дека погодокот против Џанлуиџи Буфон е неговиот најмил момент во кариерата.

Овој 19-годишен фудбалер беше стрелец за Милан во победата против Јувентус пред неколку месеци, а тоа беше момент кој никогаш нема да го заборави.

„Кога постигнав погодок против Буфон го остварив сонот. Против него до тој момент играв на Play Station, а потоа постигнав погодок. Беше неверојатно да го замислам тој погодок, а макар да го постигнам“, изјави Локатели.

„Необично ми е за тоа да зборувам во училиште, но на другарите му прераскажував какво е чувството да постигнеш погодок против Буфон. Пред една година бев обичен ученик, но имав еден сон. Поставив цели кои еден ден ќе ги остварам. Имам 19 години и се трудам да станам подобар“, заклучи Локатели.