„Може да се замислам во дрес на Барселона или Реал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Гризман вчера изјави дека од преминувањето во Јунајтед нема да има ништо.

Тој неколку месеци е главна тема во Англија каде што се зборува дека ќе се пресели во Манчестер.

Тој ги демантираше тие шпекулации, па кажа дека нема да замине од Атлетико затоа што е среќен во Атлетико.

На прашањето дали би можел некогаш да го носи дресот на Реал или Барселона, тој даде одговор кој нема да им се допадне на навивачите на Атлетико.

„Заминување во Реал или Барселона? Па зошто да не. Секој фудбалер сонува да игра во еден од овие два големи клубови.“