Шести нов почеток на Милан, овој пат веројатно кинески!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работите секојдневно неодоливо потсетува на претходната. Се се распаѓа напролет, сега се најавува заминување на десетмина фудбалери!

Во Милан ништо ниво. Едноставно, се повторува минатата сезона, со тоа што тренерот е сеуште тука, за разлика од Михајловиќ не го плати цехот.

Екипата до Божиќ делуваше добро, беа трети на табелата, а тогаш следеше колапс. Сметајќи само на 2017 година Росонерите освоија 12 бодови помалку од Рома, 11 од Наполи и Јувентус.

Тоа ги уби сите надежи за трето место, а сега и Европа е под знак прашање.

Повеќе никој не обраќа внимание на шампионатот, се чекаат вести околу преземање на клубот, новиот обид е закажан за средината на април, но толку работите се изјаловија досега, па поради тоа повеќе никој не верува дека Кинезите може да донесат добро.

„Немам поим, искрено, мене ништо не ми е јасно“, скептик е Фабио Капело.

Сега се зборува дека Монтела ќе замине бидејќи нема никакви гаранции дека тимот ќе биде засилен.

Клубот изгледа има намера да го продаде Де Шиљо кој го сака Јувентус, а договорот му истекува за година дена.

Во иста позиција е Донарума, новите сопственици се спремни да ги прифатат наводните услови, за голманот да остане, но Раиола смета дека не се моќни да направат сериозен тим.

Бака дефинитивно заминува, а клубот треба да го напуштат Пашалиќ кој нема да биде откупен од Челси, како и Поли, Антонели, Мати Фернандез.

Делуфеу исто така тешко ќе остане, Барса сака да го препродаде, Хонда е на излезните врати, го чека МЛС.

Најмалку десет фудбалери ќе ја напуштат екипата, Запата, Родриго Ели кој е на позајмица, и уште неколку од втор план, но кој ќе ги замени никој не знае. Се зборува за доаѓање на големи имиња, но никој не зборува со кои пари мети може да бидат Санчез, Верати и уште неколку играчи.

Во секој случај, Милан, како и секоја година, ќе биде на нов почеток и тоа шеста сезона во низа.