Кинески Милан: Позната е листата на желби на новите газди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако конечно се комплетираше превземањето, Милан сега ќе се посвети на својата иднина.

Според Ди Стефано од Скај Спорт, сопственикот на Милан гарантира постојаност во тимот.

Поради оваа причина, продолжувањата на договорите на Донарума, Сусо и Монтела, ќе бидат приоритет.

Сопственикот исто така сака да ги задржи Делуфеу и Пашалиќ.

Како и да е, мора да ги убедат Барселона и Челси.

Во одбраната, следуваат одлучувачки моменти за Мусакио. Има многу различни имиња на списокот на Мирабели за засилување на средината.

Ковачиќ е приоритет, но Де Роси исто така е опција за Монтела. Како и да е, ќе биде комплицирано затоа што Де Роси би можел да го продолжи договорот со Рома или да замине да игра за некој клуб надвор од Серија

А. Милан сеуште ги разгледува желбите на овој фудбалер. Видал исто така е на листата на Мирабели кој го гледаше овој фудбалер неколку пати во Германија.

Луиз Густаво е уште една мета од БЛ. Милан исто така е заинтересиран за Фабрегас, Челси во моментов е фокусиран на лигата, па било какви преговори, ќе мора да почекаат.

Има многу големи имиња за нивниот напад. Мората е првото име, но Челси исто така е заинтересиран за овој фудбалер. Бензема и Обамејанг се исто така мети, но ќе биде тешко да се убедат овие фудбалер ако Милан не успее да се квалификува за некое Европско натпреварување. Мирабели на листата го има и Лаказет, но Атлетико Мадрид е во предност за овој фудбалер. Желбата на Џенова за Лападула, би можела да го натера Милан да сака да го замени него со Симеоне, но Џенова бара 25 милиони за него и затоа во моментов не постои голем интерес.