Знаете ли кој играч има најмала плата во Реал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Верувале или не, дури и во Реал Мадрид настапува еден фудбалер кој има многу мала плата.

Во морето на добро платени фудбалери исклучок е Диаз, 23-годишниот напаѓач од Доминиканската Република, кој оваа сезона добива од време на време шанса.

Според податоците, тој неделно заработува само 5.900 долари, а тоа е 23.600 евра месечно или поточно 282.000 годишно, без премии и бонуси.

Кога ќе се направи споредбата, Роналдо во Реал за 7 денови заработува повеќе отколку Диаз за цела година, поточно 430.000 евра!

Малку е иронично Диаз во еден од најдобрите клубови да заработува цифра која би ја добил во втората или третата лига во Англија.

Тој е роден во 1993 година во Барселона, а договор за Реал има до 2021 година. Оваа сезона одигра 12 натпревари во сите натпреварувања и постигна 5 голови.