Промените на правилата во Серија А ќе ги воодушеват навивачите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите во Серија А, но и ширум Европа конечно ќе дојдат на своето.

После случувањата во Мадрид во вторникот односно неправдата која му беше направена на фудбалерите на Баерн Минхен, италијанскиот фудбалски сојуз донесе одлука дека од следната сезона ќе постои видео технологија во натпреварите во Серија А.

Иако порано се шпекулираше дека ова ќе го видиме во финалето во купот на Италија, тоа нема да се случи, а од италијанскиот сојуз порачаа дека за тоа им треба посебна дозвола од ФИФА. Иако раководствата на Јувентус и Лацио немаат ништо против видео технологијата во тој натпревар, тоа нема да го има.

Сепак од сојузот соопштија дека од следната сезона оваа технологија ќе постои и ќе се применува во најсилниот ранг во италијанскиот фудбал.

„Новоста е следна: ќе почнеме со видео технологија од следната сезона во Серија А. Моментално чекаме дозвола од ФИФА. Во финалето во купот на Италија нема да има видео технологија“, соопштија од фудбалскиот сојуз на Италија.