Потврдено – Нејмар нема да може да игра во „Ел Класико“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва гостуваат на „Сантијаго Бернабеу“ каде ќе ги одмерат силите против Реал Мадрид во големото дерби на 33-то коло во Ла Лига.

Барселона мора да победи за да остане во борба за титулата додека Реал со победа би го олеснил патот до титулата.

Медиумите беа изненадени кога на аеродромот се појави Нејмар, но денес официјално беше потврдено од Барселона дека тој нема да игра.

Тој нема право на настап во овој натпревар. Наводно, неговото место во почетниот тим ќе го превземе Алкасер.