Надеж за Рома – Јувентус освои само бод против Аталанта (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Аталанта и Јувентус ремизираа во натпревар од 34-то коло во Серија А, 2:2.

Буфон го одбрани ударот на Фреулер. На другата страна Квадрадо имаше шанса за погодок, но неговиот удар беше непрецизен. Пред крајот на првото полувреме Андреа Конти ја затресе мрежата на Јувентус.


На почетокот на второто полувреме Леонардо Спинацола постигна автогол за израмнување на резултатот, 1:1. После погодокот Дибала имаше шанса да направи пресврт, но Бериша не го дозволи тоа.

Бериша потоа одлично реагираше по ударот на Кедира со глава. Седум минути пред крајот на натпреварот Дани Алвеш постигна погодок со глава за водство на бјанконерите.

Пет минути подоцна Фреулер ги постави конечните 2:2.


Јувентус ќе остане на лидерската позиција со 9 бода повеќе од второпласираната Рома која во недела го игра римското дерби против Лацио. Аталанта ќе остане пета со исто бодови колку и Лацио, а шест повеќе од Милан кој во недела му гостува на Кротоне.