„Знам дека ја работите својата работа, но премногу се зборува за трансфери“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На шефот на стручниот штаб на Росонерите му се смачи од трансферите пред крајот на сезоната.

Милан го доведува овој, Милан го доведува оној…Секој ден италијанската јавност се занимава со наводните засилувања на Росонерите, се споменуваат разни имиња, поготово откако во клубот стигнаа нови, кинески сопственици.

А изгледа дека тренерот Винченцо Монтела го загуби трпението поради силните шпекуладции и се реши да го врати ударот.

„Знам дека ја работите својата работа, но премногу се зборува за трансфери. Доста ми е од тоа. Тоа не мислам само на заминувањето на Донарума. Луѓето од управата ни порачаа да се фокусираме на крајот на сезоната, бидејќи најважно ни е да се пласираме во Европа“, рече Монтела на конференцијата за новинарите.

Тренерот на Росонерите тврди дека помалку-повеќе, сите тие приказни се продукт на имагинацијата од тие кои тие ги пласираат.

„Премногу често менаџерите и новинарите пробуваат да измислат приказни. Не ми се допаѓа повеќе Мората од Обамејанг, односно Бензема од Кавани“.

Екипата на Милан на пет кола пред крајот има шест бодови повомалку од петтопласираната Аталанта.

„Клубот допрва го разгледува пазарот. А јас со тоа моментално не се занимавам. Мораме да продолжиме да работиме, односно овој состав треба да напредува. Затоа, ве молам да прекинете да испраќате таков вид на пораки на играчите и мене,. Во нашата глава постои само сегашноста“.

Росонерите во недела гостуваат кај Крототе кој се наоѓа во зоната на испаѓање.