„Како да се сопре Меси? Со неколку снајперисти!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона играат на гостувањето кај Лас Палмас во 37-то коло од Примера.

Барселона нема право на грешка затоа што сеуште се бори со Реал за титулата во Шпанија. Навивачите на Барселона најмногу надеж имаат во Меси кој и оваа сезона е најдобар во тимот.

Пред натпреварот интересна изјава за медиумите даде тренерот на Лас Палмас, Сетиен.

„Како да го сопрете Меси и Барселона? Па со неколку снајперисти. Тие кога играат во свој ритам, тогаш никој не може да ги сопре. На нас ни останува да видиме дали некој ќе заспие во текот на натпреварот и ние ќе дадеме се од себе да ги искористиме шансите.“

Натпреварот помеѓу Лас Палмас и Барселона се игра од 20 часот.