Наинголан прави трансфер на кариерата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемите европски клубови едвај го чекаат летниот преоден рок, а еден од главните причини е Белгиецот од редовите на Рома Раџа Наинголан.

Раџа е еден од најдобрите фудбалери на Рома во минатите се зони и не чуди што интересот за него е огромен.

Екипата на Челси пробуваше во минатото лето на сите начини да го ангажира, но безуспешно.

Сепак, како што пренесува Скај Спорт, Манчестер Јунајтед во ова лето ќе се вклучи во борбата за овој фудбалеер и ќе проба да го направи тоа што на Челси не успеа.

Нормално, цената за него нема да биде ниска и се очекува, дека тој клуб кој ќе го сака, дека ќе мора понуди преку 50 милиони евра.

Наинголан во оваа сезона одигра 35 мечеви во Серија А и постигна 11 голови со три асистенции.