„Меси е во секоја смисла вонземјанин“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луис Енрике се прости од Барселона со трофеј во купот.

Барселона во финалето успеа да го победи Алавес со 3:1 и така да ја завршат лошата сезона со трофеј.

Енрике по натпреварот му се заблагодари на Меси што бил на врвот на кариерата во текот на неговиот 3-годишен престој во тимот.

„Меси во секоја смисла е вонземјанин. Јас само имав среќа што можев да уживам во најдобрата негова верзија. Тој без сомнеж е најдобар, успева да го контролира секој аспект и да биде силен физички.“

Меси оваа сезона ја заврши со 37 голови и е најдобар стрелец во 5-те најдобри лиги во Европа.