Италијанските медиуми: Тандем од соништата за Милан…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Тимот на Милан вчера загуби во пријателски натпревар од шпанскиот тим на Реал Бетис со 1-2. Единствениот гол за Миланезите го постигна новата аквизиција Андре Силва кој погоди од белата точка.

Иако беше само пријателски натпревар, поразот ги вознемири челниците на Милан, кои размислуваат за ново засилување. Имено станува збор  ни помалку ни повеќе туку Златан Ибрахимовиќ.

Според сите замисли на управата, напаѓачкиот тандем на Милан треба да го сочинуваат Ибрахимовиќ и Калиниќ, но дали ќе успеат во таа намера останува да видиме.

Шведскиот интернационалец  моментално е без клуб, откако минатата сезона настапуваше во Премиер Лигата, за Манечстер Јунајтед.