Франк Кеси ќе биде клучот за успех на Милан во новата сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Кога Милан го договори своето прво засилување оваа сезона, Франк Кеси, од Аталанта, навивачите беа пресреќни што младиот и талентиран фудаблер од Брегот на Слоновата Коска, ќе се развива токму во Милано.

Модерен комплетен „box to box“ играч кој има едвај 20-години, храбар и мускулест ќе биде клучниот играч велат експертите во Италија.

Милан аквизира оваа лето мноу нови имиња, од Лукас Биглиа до Леонардно Бонучи, но иако можеби Кеси не е најзучното име кое пристигна, се очекува од него тој да најмногу да блесне.

Покрај Кеси, Лукаш Биглиа иако во години и искусен треба да го предводи средниот ред на Миланезите. Андреа Пирло на негови години замина во Јувентус во 2011 година и се прослави таму во Торино, истото се очекува и од Биглиа кој важи за извонреден играч.

Тренерот на Милан, Монтела неколку пати оваа пред сезона покажа дека ќе му ја даде слободата на Кеси за тој да биде креативен и експресивен во средниот ред. Италијанските експерти очекуваат Монтела најчесто да ги користи формациите 4-3-3 и 4-2-3-1.

Сезоната во Италијанската Лига е на прагот, а сите очи ќе бидат вперени во Милан и нивните нови засилувања.