ОФИЦИЈАЛНО: Самир Насри се сели во Турција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Францускиот играч од средниот ред се сели во турската лига, во тимот на Анталијаспор каде ќе биде соиграч со Самуел Ето и Сандро.

 

По долги години Самир Насри конечно направи перманентен трансфер надвор од Манчестер Сити, каде што скоро и да не добиваше минутажа. Тој се сели во тимот на Анталијаспор а неговиот трансфер изнесува 3,5 милиони фунти.

Насри пристигна во Манчестер Сити уште во 2011 година, кога тој се приклучи на “граѓаните” од Арсенал за 30 милиони фунти.

 

Самир Насри за тимот на Сити има 129 настапи а освои и две лигашки титули и еден Лига-Куп.