Лео Меси: Сега не е време да го обновам договорот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

 

Лионел Меси, верува дека сега не е време да потпише нов договор со Барселона, тој сака да почека и да види како клубот ќе се однесува на трансфер маркетот во овој период.

Заминувањето на Нејмар, го остави аргентинецот и другите ѕвезди во клубот исфрустрирани, фудбалерите очекуваат квалитетно и звучно засилување, но како што стојат работите Барселона не може да ја најде замената за бразилскиот крилен напаѓач.

Поразот од Реал Мадрид во Супер Купот на Шпанија уште повеќе го расипа расположението во „Каталонскиот“ клуб. Претседателот на клубот Бартомеу ја разбира лутината на Меси и затоа не сака да го форсира во потпишувањето на нов договор.

Поранешниот претседател на Барслеона, Хуан Лапорта изјави дека за Меси да биде среќен, најдобро е Бартомеу да си даде оставка.

Во моментов едно е сигурно, Лео Меси нема да стави потпис на нов договор со Барселона, се додека трансфер маркетот е отворен.