Евра го воодушеви светот со моќна порака на Инстаграм


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Марсеј, Патрис Евра го воодушеви светот со нова објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус често ги смее фановите со своите „луди“ постови на социјалните мрежи, но овој пат испрати јасна и силна порака, а веднаш потоа многу луѓе во Марсеј го следеа неговиот пример.

„Уживам во шетањето во Марсеј. Но она што ме прави тажен е тоа што во 30 минути налетав на 12 бездомници. А што правевте вие денес? Дали помогнавте на некого? Се чувствувам благословено. Помогнете на некого кој е на улица“ – напиша Евра.