Верати: ПСЖ може да ја освои Лигата на Шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

 

Марко Верати верува дека тимот на ПСЖ, има се што му е потребно за да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона.

Францускиот тим оваа сезона потпиша две неверојатни засилувања, во имињата на Мбапе и Нејмар, а европската есен ја започна на магичен начин со победа над Селтик во гости од 5-0.

„Ова беше фантастична вечер“- изјави Верати по победата.

„Важно беше да го добиеме овој натпревар, а воедно постигнавме и многу голови. Мислам дека нашиот тим испрати порака до останатите клубови.“

„Лигата на Шампионите е наша главна цел, а ако играме вака можеме далеку да стигнеме. Имаме одличен тим и на нашите противници ќе им биде тешко да играат против нас“.