Победи на Наполи, Интер и Лацио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од 12:30 денеска, Наполи на домашен терен го совлада Каљари со 3:0. Хамшик го отвори натпреварот во 4тата минута по асистенција на Мертенс, а асистентот на првиот гол во 40тата погоди од белата точка. Коулибали ја донесе конечната победа од 3:0 во 47мата.

Фиорентина поразена од Киево со 2:1 иако имаше предност уште во 6тата минута кога Симеоне постигна водечки погодок. После 20 минути Кастро стрелаше за изедначување, а на самиот старт од второто полувреме повторно Касто стрелаше но овој пат за водство и победа од 2:1 на Киево.

Торино и Верона беше најдраматичниот натпревар на денот, дефинитивно. Торино имаше водство уште од првото полувреме кога Фалке и Нианг погодија, но во 89тата дојде пекол најпрвин Черчи, а потоа и Џампаоло Пацини од пенал за изедначување на Верона.

Интер остана непоразен, изигра според очекувањата против Бенвето. Брозовиќ ја донесе победата на тимот од Меаца за 2 минути, стрелаше во 19тата и потоа во 22ра повторно, а Д’Алесандро постигна погодокот за Беневето во 42ра кој нема големо значење за екипата која е зацементирана на дното од табелата со 0 бодови.

Лацио го уништи Сасуоло со убедливи 6:1 иако после првите 45 минути беше 1:1, а Сасуоло го постигна првиот гол на натпреварот од пенал каде што успешен беше Берарди, Алберто изедначи во финишот на првиот дел. Во 56та почна потопот на Сасуоло кога прво Де Вриј, а потоа после нецели 60 секунди повторно Алберто за 3:1. Во 64та стрелаше Пароло, а потоа повторно тој и во 70тата, а победата од 6:1 ја донесе Имобиле со погодок од белата точка во 81 минута.

СПАЛ и Кротоне ремизираа со 1:1, најпрвин Палоски за Спал, а потоа и Сими за Кротоне погодија за реми на двете екипи.