Де Лаурентис: Во Јувентус се веќе нервозни


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголем конкурент на Јувентус во Серија А оваа сезона дефинитивно ќе биде Наполи.

Наполи е прв и има сто процентен учинок и 2 бода повеќе од Јувентус, а имаат и страшен напад кој има постигнато 25 погодоци оваа сезона.

Тоа го коментираше и Де Лаурентис кој вели дека во Јувентус веќе се нервозни поради таквата ситуација.

„Добриот почеток на сезоната на Наполи е причина заради нервозата во Јувентус. Да бев на нивно место не само што ќе бев многу нервозен туку ќе бев и загрижен. После шест титули во Серија А не треба да мислите дека сеуште ќе бидете најдобри“ – вели Де Лаурентис.