Барселона донесе голем талент!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона го потврди доаѓањето на Балу Табла од Канада, поточно од Монтреал Импакт.

Балу има само 18 години и со Барселона потпиша 3-годишен договор, а откупната клаузула ќе му изнесува 25 милиони евра.

Гигантот од Каталонија не потврди колку пари го плати овој трансфер, кој најпрво ќе игра во Б тимот, а потоа има шанса да заигра и во првата екипа.

„Овој прв трансфер е важен момент во историјата и еволуцијата на нашиот клуб. Со голема гордост ќе ги следиме игрите на нашиот млад играч“, вели претседателот на Монтреал.

Балу е најмлад играч во историјата на клубот од Канада, кој настапувал во МЛС лигата.