Барселона договори засилување за наредното лето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нов член на Барселона треба да стане бразилскиот играч Артур Мело, играч кој веќе со месеци се поврзува со каталонскиот гигант.

Барселона се договори со Гремио за трансферот на Артур. Ќе го плати повеќе од 30 милиони евра, а 21-годишниот играч ќе потпише договор со Каталонците пред СП.

Исто така, постои можност Артур да остане во Гремио на позајмица до декември оваа година. Дресот на Барселона би го облекол во јануари 2019 година и така би го исполнил својот сон.

Младиот фудбалер за бразилскиот гигант дебитираше во 2016 година и одигра 51 натпревар