Агентот на Де Брујн: Што ако добијам понуда од Кинези?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кинезите што замислуваат, тоа и остваруваат, па така доведуваат европски играчи во своите редови.

Оскар неодамна за 60 милиони евра премина од Челси во Шангај и се поставува прашањето: Кој е следен?

Многу ѕвезди заминаа во Кина – Хулк, Џексон Мартинез, Лавеци, Рамирес…а очигледно е дека таа низа нема така лесно да се запре и после Оскар.

Тоа почнува да ги загрижува европските гиганти, богатството на Кинезите е огромно и напаѓаат на сите страни. Менаџерот на Кевин Де Брујн, играчот за врска на Манчестер Сити, Патрик Де Костер знае дека не е лесно да се оддолее на парите, но…

„Моите пријатели ме прашуваат што ако дојде понуда за Де Брујн? Никогаш нема да го советувам да оди таму. Парите се една работа, но фудбалот е ваша работа, но и вашето уживање и тогаш не би требало да се замарате. Да бев менаџер на Оскар, немаше да му препорачам да оди таму. Но повторно, иако вас ќе ве заборават, 160 милиони на сметката за 4 години не е малку“, призна Де Костер.