Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот стратег во наредните денови ќе донесе одлука за својата судбина на клупата на Арсенал, доколку остане, познато е и кој потег ќе го повлече на трансфер пазарот.
Наскоро ќе дознаеме дали Венгер ќе ја прифати новата понуда на управата и на клупата на Топџиите ќе остане уште две сезони.
Јасно е дека еден од првите негови потези мора да биде и продолжување на договорите со Санчез и Озил, а Венгер веќе на управата соопшти и кого сака да го види во редовите на својата екипа во наредната сезона.
Имено, Арсенал стави во контакт со претставниците на фудбалерот на Пари Сен Жермен Адријен Рабио, а ќе проба да го убедат да им се придружи во ова лето.
Рабио игра одлично, Венггер го сакаше и пред неговите блескави партии, бидејќи го следи неговиот развој веќе неколку сезони. Тој во оваа конечно експлодираше, одигра 30 натпревари за Парижаните и постигна три гола, и многу тешко е да се очекува дека управата на Парижаните ќе се откаже.
Се почесто и неговото име е на списокот на Дидие Дешам, и нема сомнеж дека управата на тимот од Емирати ќе мора понуди ектра понуда пред Ел Келаифи, доколку сака да го ангажира Рабио.