„Ако Мурињо сака да застанам на голот, ќе бранам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Андер Ерера смета дека секој играч на Јунајтед мора да биде тотално на располагање на клубот.

Ерера неодамна е прогласен за најдобар играч на Манчестер Јунајтед за сезоната 2016/17.

Во анкетата на навивачите Ерера е избран за најдобар член на Црвените ѓаволи во тековната сезона, додека Антонио Валенсија заврши втор, а Златан Ибрахимовиќ трет.

„Среќен сум, тоа е голема награда. Мене многу ми значи ако ја погледнете листата на играчи кои ја освоија, тоа е едноставно неверојатно. Големи играчи, легенди на клубот.

Горд сум што сум дел од таа листа, но нема тука да застанам. Оваа награда ме мотивира да продолжам да работам и напредувам и да играм за овој клуб“, рече за ЕСПН Ерера.

Новинарите на ЕСПН ги интересираше дали најдобро се снајдува на позиција последен играч за врска.

„Можам да играм на позиција шест, осум и десет. Веќе неколку пати имав слично прашање, но мојот одговор секогаш беше ист.

Не правам проблем околу позицијата на која играм, веќе се трудам да дадам се од себе. Сакам да бидам од корист на менаџерот, кој и сам знае дека некогаш може да пружам на  некоја друга позиција.

Сметам дека таков став треба да има секој фудбалер на Манчестер Јунајтед“, рече Ерера.