Алегри: Игуаин е големо засилување за Милан

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри признава дека од Милан завршиле одлична работа со трансферот на Гонзало Игуаин.

Аргентинецот кој помина две сезони во Торино од ова лето е нов фудбалер на Милан и веднаш покажа дека ќе биде најдобар играч во тимот на Џенаро Гатузо.

„Игуаин е одличен напаѓач, а Милан со него заврши фантастична работа. Спортскиот директор Фабио Паратичи си ја сработи работата одлично во летото“- коментираше Алегри.