Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Интер и Јувентус вчера го одиграа дербито на Италија, но навивачите останаа разочарани затоа што немаше голови.
Сепак позадоволни мора да бидат „нероазурите“ затоа што во сите 90 минути беа во подредена ситуација, па може да се каже дека се извлекоа со освоениот бод. Јувентус имаше неколку добри прилики, еднаш пречката ги спаси гостите од Милано, а во неколку наврати одличен беше и Хандановиќ.
За ремито многумина му замерија на Алегри затоа што од стартот во првата постава го немаше Паоло Дибала. Аргентинецот остана на клупата, а по средбата легендарниот фудбалер на Јувентус, Дел Пиеро го „пецна“ Алегри поради тоа.
„Мислам дека играчите како него не смее да бидат на клупата во ваквите натпревари“ –коментираше Дел Пиеро, а Алегри на тоа одговори: „Лесно е да се каже кога не гледате што се случува на тренингот. Фудбалот не е како математиката, не е егзактен. Важно е нашите играчи да останат фокусирани на натпреварите, да работат напорно и ништо да не им одвелкува внимание“- заклучи Алегри.
Дибала одлично ја започна сезоната, но неговата форма драстично падна по што Алегри одлучи да го остави на клупата за резервни фудбалери за големото дерби против Интер.