Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Италија денеска гостува кај Кротоне во подруг состав.
Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри потврди дека во среда ќе одмори неколку играчи, и дека после долго време во стартниот состав може да заигра Марко Пјаца.
После победат над Интер во големото дерби на Италија, Јувентус гостува кај Кротоне во заостанат меч од Серија А, што ќе биде шанса за некои нови играчи.
Во тимот нема да бидат Клаудио Маркисио, Џорџо Киелини и Хуан Квадрадо.
„Ќе извадиме повторно иста формација 4-2-3-1, а единствена промена ќе бидат имињата на поедини играчи. Киелини ќе добие одмор, но сега имаме опција, поради што Мехди Бенатија се врати од КАН, а Барзањи се опорави од грипот. Маркисио исто така ќе биде надвор од тимот поради болки во грбот. Исто така, Марко Пјаце може да почне меч, и да го заземе местото на Хуан Квадрадо кој исто така ќе добие одмор“, рече Алегри.
Мечот Кротоне – Јувентус е на програмата во среда од 20:45.