Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри беше лут после неочекуваниот пораз од Сампдорија во Џенова, со резултат од 3:2.
Сампдорија водеше со 3:0 се до последните минути, кога екипата на Јуве постигна два гола и се спаси од убедлив пораз.
Но,, тоа не беше никаква утеха за Алегри, кој после натпреварот порача дека неговите играчи мораат да се „соберат“.
„Разочаран сум. Не е добро ова што ни се случува, а најмногу ме боли тоа што примаме премногу голови. Посебно мислам на натпреварите во гости. Единствен натпревар каде што ја сочувавме мрежата на гости беше против Милан, но тоа е премалку. Доживеавме тежок и неочекуван удар кој не вознемири. Требаше да останеме мирни и прибрани“, започна Алегри, па продолжи: „“Одигравме добро прво полувреме, но не успеавме да постигнеме гол. Затоа, еден удар на Сампдорија се претвори во гол, поради нашата лоша реакција, а имавме доволно време да го стигнеме и промениме резултатот. Наместо да изедначиме, наскоро губевме со 2:0, но тоа е фудбалот“.
Алегри посебно беше лут на еден од најискусните играчи во тимот, Кедира, а со спомена и Дибала.
„Да не стоеше Кедира и да не мафташе со раката, барајќи офсајд, немаше да примиме трет год. Слична ситуација се случи и против Атланта. Дибала исто така мора да се поправи, како и сите други“.
Вчерашниот меч Алегри го почна без Буфон и Барзаљи, кои беа на психичко опоравување од шокот кои го доживеаја со својата репрезентација против Шведска, додека пак Дибала влезе во второто полувреме.