Алегри ќе разговара со челниците на Јувентус за неговата иднина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Италија“ дознава дека Масимилијано Алегри ќе се сретне со првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели неколку дена по возвратниот натпревар против Атлетико Мадрид.

Алегри го предводеше Јувентус до четири последователни титули во Серија А, а е на пат и кон петтата затоа е што на недостижни 16 поени пред второпласираниот Наполи.

Медиумот пренесува дека од Јувентус сакаат до крајот на март да знаат што ќе се случува со Алегри и му посочиле на стратегот дека на состанокот ќе биде разговарано само за неговата иднина.

Елиминација од Атлетико веројатно ќе значи крај за Алегри на клупата на „Старата Дама“, а како можни негови наследници се споменуваат Зинедин Зидан и Антонио Конте.