Анри го повика Венгер: Ова е антифудбал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Арсенал Тиери Анри порача на менаџерот на Топџиите Арсен Венгер дека играта која неговата екипа ја прикажа против Тотенхем е антифудбал.

Тотенхем во дербито го победи Арсенал со 2:0, а стрелци беа Деле Али и Хари Кејн.

Некогашниот репрезентативец на Франција смета дека Арсенал пропушти шанса во важен натпревар да се приближи до четвртата позиција која води во Лигата на шампионите во наредната  сезона.

„Пропуштивме шанса во важен натпревар, но најмногу ме загрижува начинот на кој игравме. Арсен знаеше да зборува дека сака да игра против екипа кои играат против него, не екипа која се брани, кои играат антифундал. Јас во првиот дел го видов Петр Чех кој нафрлува топки на Оливие Жиру во нападот“, рече Анри и додаде:

„Не можеш да играш со тројца во последната линија и да очекуваш дека ќе функционира добро во три од четири натпревари“.

Арсенал после овој пораз остана на 60 бодови и се наоѓа на шестата позиција, со шест бода заостанување зад четвртопласираниот Манчестер Сити.