Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во првиот неделен дуел од 9.коло од Премиер Лигата, Арсенал убедливо славеше против Евертон на „Гудисон Парк“ со 5:2.
Евертон поведе со ефектниот гол на Вејн Руни во 12. минута што практично беше единствена прилика за домашниот состав во првото полувреме. Ова за Руни беше рекорден 15 гол кој го постигнал против Арсенал.
Арсенал го опседна голот на Џордон Пикфорд, кој имаше дури осум интервенции, но беше немоќен во 40. минута кога Начо Монреал налета на одбиена топка и ја затресе мрежата.
Алексис Санчез во 53. минута одлично центрираше за Месут Озил кој постигна гол за водство на „Топчиите“ од 2:1. Во 68.минута Идриса Гуеје доби втор жолт картон, а предноста со играч повеќе Арсенал ја искористи до максимум и со два гола на Лаказет и Рамзи стигна до водство од 4:1.
Оумар Ниасе го намали резултатот на 4:2, а конечниот резултат го постигна Алексис Санчез со неговиот првенец во Премиер Лигата.