Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот француски стручњак Арсен Венгер на крајот на минатата сезона го напушти кормилото на Топџиите после 22 години поминати на тренерската клупа.
Со оглед дека Венгер самоволно не отиде од клубот туку дека доби отказ, Арсенал беше должен да му го исплати на французинот целиот износ што го потпишаа со последниот договор.
Па така, британските медиуми ја пренесоа вестта дека Арсен Венгер денес добил 17,1 милион фунти отпремнина, а со тоа Топџиите ги подмирија сите договори кон него.
Венгер својата ера во Арсенал ја заврши година дена порано отколку што беше планирано, па The Sun наведи дека лондонскиот клуб на својот легендарен тренер му го исплати целиот износ на платите за последната година од договорот.
Венгер на клупата на Арсенал седна на 22 септември 1996 година. За тоа време три пати се закити со титула првак, седум пати со титула од ФА Купот и исто толку пати со трофеи од Комјунити Шилдс.
Последниот меч Арсен Венгер го имаше против Барнли на 6ти мај минатата година кога неговиот клуб славеше со 5:0.