АС откри што бара Модриќ за да остане во Реал Мадрид


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Шпанскиот медиум „АС“ кој се смета близок на Реал Мадрид објави што бара Лука Модриќ од Флорентино Перез за да остане во Реал Мадрид.

Медиумот пишува дека Модриќ сакал да го напушти Мадрид, но неговата намера за заминување не била толку цврста како таа на Роналдо, па Хрватот бил подготвен на преговори.

Во  моментов Модриќ има одлична понуда на маса од таборот на Интер каде за четири сезони би заработувал по десет милиони евра по сезона, а потоа би направил трансфер во Кина каде исто така би заработувал 10 милиони евра по сезона. Тоа значи дека во следните шест години Модриќ би заработил 60 милиони евра.

Во Реал има уште две години од неговиот договор според кој заработува по шест и пол милиони евра годишна плата. Никој не му гарантира дека по истекот на актуелниот договор ќе ја продолжи соработката, посебно не под условите кои му ги нуди Интер.

„АС“ пренесува дека ако Реал се доближи до понудата на Интер, Модриќ сигурно ќе избере да остане на „Бернабе“.