АС Тврди: Реал го возвраќа ударот на Барса, погледнете кој играч пристигнува во Мадрид

Реал Мадрид наводно спремил огромна понуда за фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах (25). Фантастичниот Египќанец игра одлично во дресот на Ливерпул оваа сезона.

Втор стрелец е во Премиер лигата позади Хари Кејн, со 17 голови во своите настапи.

Според пишувањата на магазинот АС, Реал е сериозно заинтересиран за доведување на овој 25 годишен фубдалер, меѓутоа официјална понуда сеуште нема.

Скај Италија исто така тврди дека Кралевите имаат намера да завршат еден голем трансфер зимава и дека прва опција им е токму Салах.

Салах европската авантура ја започна во дресот на Базел, а играше уште и за Фиорентина, Челси и Рома, за на почетокот од минатото лето да потпише за Ливерпул и се покажа како одлично засилување.

Покрај Салах, Реал се поврзува и со неколку други фудбалери, а најголема желба им е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.