Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера како бомба одекна веста дека Баерн Минхен се договорил со Атлетико Мадрид за трансфер на играчот од одбраната, Лукас Ернандез.
„Макра“ пренесе дека Баварците се согласиле да платат 80 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на францускиот интернационалец.
Но денес од Атлетико Мадрид излегоа со соопштение во кое ги демантираа ваквите најави и откри дека Лукас Ернандез сакал да остане во клубот.
-По веста публикувана од „Марка“ дека бил постигнат договор помеѓу Баерн Минхен и нашиот играч, Лукас Ернандез, по што германскиот клуб ја активирал откупната клаузула за во јануарскиот преоден рок, ние од Атлетико Мадрид сакаме да ве информираме дека по разговорот со Лукас Ернандез заклучивме дека нема договор со Баерн Минхен и дека нема намера да го напушта клубот.
-Плус, одличната соработка помеѓу Атлетико Мадрид и германскиот клуб доведе до тоа и Баерн Минхен да ја негира оваа приказна- стоеше во соопштението од Атлетико Мадрид.