АТП Доха: Мареј на колена – Ѓоковиќ ја одбрани титулата!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го победи Енди Мареј во финалето на АТП турнирот во Доха.

Со неверојатен пресврт во натпреварот против Вердаско, Новак стигна до финалето.

Во ½-финале спаси 5 меч топки, но иако беше исцрпен, во финалето Србинот дојде до победата.

Мареј се мачеше од почетокот на турнирот, но затоа во ½-финалето беше подобар од Бердих.

Новак Ѓоковиќ во 3 сетови успеа да го победи Енди Мареј. Новак првиот сет го доби благодарение на брејкот во 8-от гејм додека во вториот сет имаше голема борба и Мареј успеа да се врати.

Во третиот сет двајцата мирно сервираа, но потоа пад на играта на Мареј и тоа Новак го искористи и така стигна до титулата.

Ова беше нивни 36-ти натпревар и 25-та победа на Ѓоковиќ.