Баерн Минхен го руши својот рекорд и ангажира огромна ѕвезда!?


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Баерн Минхен се подготвуваат за мега-трансфер, кој ќе се обидат да го реализираат уште во јануари, а доколку не успеат, тогаш ќе се обидат повторно наредното лето.

Баварците се заинтересирани за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, за кого планираат да платат 100 милиони евра, а причина за тоа е кризата во која се наоѓа германскиот шампион.

Јувентус би можел да ја прифати понудата бидејќи како негова замена сакаат да го ангажираат Хамес Родригез, а дел од парите би потрошиле и на платата на Кристијано Роналдо.

Ако Јувентус е заинтересиран за таква опција, можеби ќе направат и размена, а плус италијанскиот клуб ќе добие пари.

Рекордот на Баерн за трансфери е 41,5 милиони евра за Толисо од Лион, па ќе видиме дали се подготвени да го урнат повторно сопствениот рекорд.