Баерн тоа го прави лесно – Холандскиот фудбалер потпиша до 2018-та година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште убави вести за навивачите на Баерн Минхен. После победата против Лајпциг, клубот од Минхен спреми уште едно новогодишно пакетче за навивачите. Поклонот е продолжување на соработката со Арјен Робен.

Холандскиот фудбалер се наоѓа во последната година од договорот и на лето би бил слободен фудбалер, меѓутоа како што работите стојат тој нема да ја напушти Германија.

„Тој сака да остане во Баерн, ние сакаме тој да остане со нас, а тоа секогаш е добро во преговорите. Верувам дека сите наскоро во јануари ќе можете да ја објавите таа вест и за официјална. Голем оптимист сум. Блиску сме до договор“, изјави Румениге.