Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повредата на Алеиш Видал може да донесе промена во играчкиот состав. Еве што Каталонците може да направат!
Торпедирањето на Алавес сепак остави горк вкус поради повредата на Видал кој е рехабилитиран кај Луис Енрике и почна да игра добро во последно време.
Сега Барса остана без играч до крајот на сезоната, но по правилата на шпанската лига може да доведе замена иако преодниот рок е завршен.
Тука постојат ограчинувања, таков играч може да биде или слободен, или да дојде од шпанската лига.
Нема право на настап во ЛШ, таа листа е конечна, но може да игра во првенството и во куп.
Значи, во теорира Барса може да плати 30 милиони за Кансело на Валенсија, да го позајми до крајот на сезоната и тогаш тој да остане во клубот.
Но, тоа нема да се случи, Португалецот е прескап, а што се однесува до слободни играчи, има неколку идеи.
Првата е Даглас Маикон, бразилскиот ветеран некогашен играч на Интер, Сити и Рома.
Втората Жозе Босингва е уште еден играч на крај на кариерата кој нема клуб.
Но, двајцата нема да имаат многу време да се влопат, не се во натпреварувачки ритам.
Нешто слично важи и за поранешниот играч на Барселона Касерес кој бараше премногу пари од Милан, а на крајот не се договори ни со Саутемптон.
Кога се зборува за играчи од шпанската лига, фигурира името на одличниот бек на Лас Палмас Мичел Маседо.
„Канаринците“ веќе обезбедија опстанок, па нема да имаат проблем да го пуштат, а Барселона да го откупи, но сигурно дека ќе бараат многу пари.
Уште една варијанта е враќањето на Даглас Переира кој се испостави како разочарарување, но во Хихон игра стандардно.
Во Барса сеуште не одлучија, постои и варијанта за некој од вториот тим да биде прекомандуван кај Луис Енрике, кандидати се капитенот Паленсија кој соевремено беше прогласуван за новиот „Филип Лам“, како и Нили кој во минатата година играше во Лас Палмас…