Барселона во дилема: Откриени условите кои ги бара Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, има намера во јануари да замине од клубот, па само заминување на Жозе Мурињо од тренерското место би можело да го предомисли Французинот во својата намера.

Погба е подготвен да добива помала плата, но и понатаму бара 12 милиони евра по сезона, а тоа во моментов за Барселона е премногу.

Од друга страна, Јувентус останува опција која на Французинот му е омилена, па поради враќањето во Торино би можел да се согласи на плата од 10 милиони евра годишно.

Поголем проблем од платата на Погба претставува сумата за откуп, а Јунајтед бара повеќе од 220 милиони евра и тоа нема никој да го плати.