Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Барселона нема да носат нови играчи до крајот на преодниот рок кој е закажан за денес.
Актуелниот шампион во Ла Лига ги засили своите редови со Артур Мело, Клемен Ленгле, Малком и Артуро Видал ова лето и нема намера дополнително да го засилува тимот.
„Марка“ пренесува дека примарната трансфер цел Пол Погба, би можел да пристигне во јануари доколку продолжи катастрофалната ситуација во Манчестер Јунајтед.
Сепак, најверојатно Французинот ќе пристигне во текот на следниот преоден рок, додека од Барса во јануари ќе се обидат да го договорат Френки де Јонг од Ајакс.
Во јануари Каталонците ќе стапат во контакт и со Адриен Рабио кој ќе може слободно да преговара со тимови за веќе во следното лето како слободен агент да се пресели во нова средина. Не се исклучува можноста Барселона да плати незначителна сума на ПСЖ за да го добие Рабио уште во јануари.