Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот Врховен суд денеска ја потврди казната на Лионел Меси во траење од 21 месец затвор поради затајување на данок.
Фудбалерот на Басрселона во минатата година е прогласен за крив за затајување на данок заедно со својот татко Хорхе.
Меси се одлучи да се жали на оваа одлука, но денеска Врховниот суд во Шпанија ја потврди оваа казна за ѕвездата на каталонскиот клуб.
Меѓутоа, Меси нема казната да ја служи позади решетки бидејќи законот во Шпанија дозволува секоја казна помала од две години да ја служи условно.
Денашната вест ги уплаши навивачите на Барселона и фановите на Лионел Меси, но воздивнаа кога дознаа дека Меси не мора да оди во затвор.
Поддршка за аргентинскиот фудбалер пружи и Барселона која вечерва објави соопштение по повод денешните случувања.
„Клубот сака да пружи поддршка на Лионел Меси, неговиот татко и неговата фамилија. Денеска претседателот Хозеп Марија Бартомеу разговараше со фамилијата на Меси и му искажа целосна поддршка Тие беа многу благодарни што клубот во текот на целиот случај беше позади нив. Клубот ќе продоложи да стои позади Лионел Меси, неговиот татко и неговата фамилија“, се наведува во соопштението на Барселона.