„Берлускони е најголем претседател во историјата на фудбалот!“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тоа што го направи за Росонерите, никој не го направи во ниту една земја на светот, рече легендарниот Гение.

Никој никогаш како Силвио Берлускони. Тоа што е долгогодишенј газда на Милан направи за прочуените Росонери веројатно никогаш на никого да не му пројде за рака.

Слично мисли и легендарниот Дејан Савичевиќ, кој рече дека ќе му биде исклучително тешко да се навикне на некој друг на чело на клубот.

„Никогаш ниту еден претседател во историјата не го направи тоа што го направи Берлускони. Поради тоа ќе ми биде исклучително тешко да се навикнам на Милан во кинески раце. Рано е да се зборува за овој тим и учиникот на транафер пазарот, мора да сочекаме најмалку до декември и јануари со цел да се може да се суди за тоа“, рече прочуениот Гение за Премиум спорт.

„ Имам неизбришливи спомени. Нашиот Милан, Саки и Капело. Тоа засекогаш ќе остане еден од најсилните тимови во историјата, како што е Барселона со Меси, Баерн со Бекенбауер и Ајакс со Крофј“, рече Савичевиќ.